• Mon. May 20th, 2024

Приведен струмичанец баран со потерница, ќе лежи за производство и дистрибуција на детска порнографија

ByЃ. K.

Jul 26, 2023

Во Струмица вчера во 13.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле струмичанецот С.Т.(26).

Од МВР денеска информираа дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

By Ѓ. K.