• Fri. May 17th, 2024

Приведен 25 годишен маж, нападнал и силувал 81-годишна жена од струмичко

ByЃ. K.

Sep 14, 2023

Синоќа во 22.30 часот  полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко. 

Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. 

Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица“, стои во информацијата од МВР

By Ѓ. K.