• Sat. May 11th, 2024

Претставата „Ех да можев…“ на тема врсничко насилство ќе биде изведена во Струмица

ByЃ. K.

Oct 19, 2023

Врсничкото насилство станува сѐ поголем проблем и мораме отворено да зборуваме за тоа и да ги едуцираме децата преку разни форми.

Денеска, градоначалникот Костадинов потпиша Меморандум за соработка со Кристина Арнаудова Петровски, претседател на Здружението „Проект среќа“ кое ја подготви претставата „Ех да можев…“ на тема врсничко насилство, а која ќе биде изведена во Струмица.

Ова е прва ваква престава во нашата земја во која играат деца кои биле или се жртви на булинг и е наменета за ученици од 4 до 9 одделение.

„Децата се нашата иднина, да им обезбедиме здрав и безгрижен раст и развој“, порача градоначалникот.

By Ѓ. K.