• Fri. May 17th, 2024

Почна поставувањето дополнителни трибини на стадионот Младост во Струмица

ByВане Трајков

Jul 28, 2017

Почнаа градежните работи за  изградба на дополнителни трибини на стадионот „Младост“ во Струмица кој треба да биде домаќин на квалификациониот фудбалски дуел Македонија – Албанија во септември . Зад двата гола на стадионот треба да бидат поставен дополнителни трибини за посетители со што ќе биде исполнет минимумот што го препорачува УЕФА

Градежна механизација  веќе го расчистува просторот и го подготвува за поставување на монтажни трибни  според стандардите на УЕФА.

На стадионот Младост настапуваа Вардар во квалификациите за ЛШ, Шкендија и Пелистер, кои ги бранеа боите на нашата земја во квалификациите за ЛЕ.

По се изгледа ќе игра и македонската репрезентација, која би требало да ја пречека Албанија на стадионот во Струмица во квалификациите за Мундијалот наредната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *