• Sat. May 18th, 2024

Почна Меѓународниот фестивал „Хид бах шен фест“ во Чалакли

Почна 28-от Меѓународен фестивал „Пролетни веселби“ („Хид Бах Шен Фест“) во Чалакли. До 6 мај, Ѓурговден ќе трае манифестацијата на која ќе настапат повеќе културно уметнички групи од земјава и од странство.

Како дел од овој фестивал, годинава ќе се одржат повеќе културни настани, не само во Чалакли, туку и во Струмица, Гостивар, Башибос и Валандово. На него ќе учествуваат повеќе културно-уметнички друштва од Турција, како и од земјава и соседството.

Денеска, како дел од пролетните веселби ќе биде и свеченото отворање на 24-от Меѓународен Симпозиум за турска култура, кој ќе се одржи во Гостивар, во Интернационален Визион Универзитет, со почеток од 10 часот.

На 04 мај во Чалакли свечено ќе биде отворен фестивалот, на фестивалското плато, со почеток од 11 часот.

Фестивалот „Пролетни веселби“ се одржува по повод празникот Х’дрелез или Ѓурѓовден, кој се слави на 6-ти мај и го означува будењето на пролетта и обновувањето на вегетацијата.

Во декември 2017-та година, фестивалот е впишан во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото и турската заедница во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *