• Fri. May 17th, 2024

Општина Струмица: Се санираат детските игралишта

Деновиве започна санацијата на детските игралишта на јавните површини во општина Струмица, се вели во писменото соопштение.

– Се обновуваат сите уништени реквизити наменети за рекреација и одмор кои повторно ќе им бидат во служба на децата. Дел од реквизитите беа оштетени и поради несовесно користење на реквизитите од страна на возрасни граѓани иако истите се наменети само за деца, стои во информацијата.

ЈПКД „Комуналец“ апелира до граѓаните да се воздржат од деструктивно однесување бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор и каде најмладите заедно со своите родители се дружат и социјализираат. Уништувањето на средината во која живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *