• Wed. May 15th, 2024

Почна запишувањето на децата во прво одделение

Од вчера почна запишувањето на децата во прво одделение во општинските основни училишта во Струмица и тоа ќе се реализира во месец мај

Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2023 година ќе наполни шест години. Родителот може да го запише детето во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари 2024 година, но по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот, е должен да достави потврди за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.

Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште. Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница, може да се запишат во основно училиште согласно член 14 од Законот за основното образование.

И во новата учебна година, а согласно Одлуката на Советот на општина Струмица од 30.12.2022 година, продолжува доделувањето на еднократна парична помош на семејства со првачиња запишани за прв пат во општинските основни училишта во висина од 2 илјади денари

.