• Fri. May 17th, 2024

Почина анестезиологот од Гевгелија, осомничен за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе

Неполни шест месеци по смртта на родилката од Дојран, Маја Кадиева и нејзиното бебе, почина еден од анестезиолозите кои кобната ноќ на 22 октомври беа во родилната сала во гевгелиската болница. Најверојатно срцев удар е причина за смртта на 53 годишниот анестезиолог од Гевгелија, кој вчера беше и погребан на градските гробишта.

Постапката против него ќе запре, додека продолжува онаа за другиот анестезиолог.

Мвр почна истрага за смртта на родилката по обвинувањата на сопругот дека двајцата анестезиолози биле пијани во операционата сала. По завршените анализи се покажа дека двајцата имале алкохол во крват од 1,23 односно 1,75 промили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *