• Mon. May 20th, 2024

Покана од движењето ЗНАМ за собирање на потписи за поддршка на кандидатот за претседател на Македонија

ByЃ. K.

Feb 23, 2024

Од Општинската организација на Движењето ЗНАМ За наша Македонија во Струмица ги повикуваат граѓаните со право на глас од струмичкиот регион, односно општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село дека од денеска започна собирање на потписи за поддршка на кандидатот за претседател на Македонија, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

Секој граѓанин кој со својот потпис сака да ја даде поддршката за Максим Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата, тоа може да го направи во Канцеларијата на ДИК (Државна Изборна комисија), што се наоѓа во зградата на Општина Струмица, секој ден од 08:00 до 20:00 часот, се до 8 март.

By Ѓ. K.