• Mon. May 20th, 2024

Повеќе казни и почести контроли – најавија општина Струмица, СВР и „Паркиралишта“

Зачестени контроли и казни најавуваат општинските власти во Струмица за наредниот период. Казни наместо само опомени за непрописно паркирани возила, узурпација на јавни, зелени или пешачки површини, како и за нарушување на редот и мирот во ноќните часови. Истото важи и за продажба на зеленчук по тротоарите. Од Свр Струмица велат дека прават редовни контроли, но според потенцијалот на секторот, реагирале по приоритет, а тоа е контрола на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Денеска на заеднички состанок градоначалникот Јаневски, началници од СВР, како и директорот на јавното претпријатие паркиралишта констатираа дека е потребна поголема екипираност за да се надминат проблемите на кои се жалат и укажуваат граѓаните во летниот период.

Градоначалникот Јаневски рече дека ги охрабрува граѓаните да реагираат и да ги пријавуваат ваквите појави, бидејќи на тој начин побрзо ќе се дејствува и ќе се помогне за полесно функционирање на институциите во општеството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *