• Tue. May 14th, 2024

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен интерес на институцијата е зачувување на интегритетот на СЈО. Таа нагласи дека дејствата на поединци не може да ги карактеризираат дејствата на СЈО.

„Стоиме зад работата што сме ја завршиле досега, сите постапки за кои имаме обвинителни акти не се доведени во прашање бидејќи е постапувано во рамките на законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и изразуваме голема загриженост. Бараме да се почитува начелото на пресумција на невиност, се придружуваме на повикот на Обвинителството секое лице засегнато од ваков криминалитет тоа да го пријави. Отворени сме за соработка со колегите, сите можни сомненија што ја инвловираат оваа институција не смее да го доведат во прашање интегритетот на постапките што ги водиме“, рече Ристоска.

Нагласи дека е тука во свое име и во име на вработените во СЈО. Рече дека го почитува начелото на пресумција на невиност.

„Ја бараме довербата од граѓаните и дејствата на поединци не ги карактеризираат дејствата на сите нас што работиме со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи“, додаде Ристовска.

На прашањето како ќе се одрази последниот случај на СЈО пред лидерската средба, Ристовска вели дека се надеваат оти целата работа што СЈО ја заврши и стандардите што ги постави ќе биде примарниот мотив кога се одлучува за судбината на институцијата.

„Се оградуваме од сите политички контексти во кои можеме да бидеме вклучени во тие преговори и дека интересите на државата ќе се стават над дневнополитичките интереси“, изјави Ристовска.

Таа рече дека во СЈО не биле претходно информирани за оставката и за намерите на Јанева и дека тоа им било соопштено во исто време кога било изнесено во јавноста.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *