• Sun. May 19th, 2024

По бруталните протести Макрон се двоуми дали да воведе вонредна состојба во Франција

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Бран протести низ Франција беа предизвикани по убиството на тинејџерот Наел М. од страна на полицаец во предградие на Париз. Немирите избувнаа во многу градови, демонстрантите уништија градски згради, возила, продавници и полициски станици. Беа распоредени голем број полицајци за да се смири ескалацијата на насилството.

Британските власти ги проширија овластувањата на полицијата и воведоа казни за граѓаните кои го нарушуваат сообраќајот и ги спречуваат големите градежни зафати.

Од разговорот во утринската програма на српската телевизија Курир помеѓу Никола Перишиќ од Центарот за социјални истражувања и Милан Поповиќ, адвокат се истакнаа долгорочните последици што овие протести може да ги имаат врз имиџот на Франција во меѓународната политика.

Перишиќ претпоставува дека францускиот претседател Емануел Макрон се двоуми дали да воведе вонредна состојба бидејќи со тоа би се прошириле овластувањата на полицијата и би се зачувал имиџот на Франција.

  • „Ми се чини дека токму поради таа слика, за да не ја намали уште повеќе, Макрон се двоуми да воведе вонредна состојба која би ги проширила овластувањата на полицијата и дејствувањето во оваа ситуација – истакна Перишиќ.

By Ѓ. K.