• Sat. May 18th, 2024

Пандевци ги почнаа контролките за пролетниот дел од Шампионатот – надиграна Беласица од Петрич

ByВане Трајков

Jan 21, 2019

Тимот на Академија Пандев кој веднаш по новогодишно божиќните празници ги почнаа подготовките за пролетниот дел од првенството, од вчера ги  почнаа и контролките.  Првата контролна средба ја имаа со тимот на Беласица од Петрич Бугарија против која на игралиштето Филип Лазаревски во Струмица славеа со 5:0

Новото засилување Стојанче Велинов заедно со Љупче Дориев , Илија Донев и Марио Крстовски ги постигнаа головите за Академијата против гостите од Петрич а веќе во среда, средба е закажана против Струмска слава од Бугарија

По овој контролен тест, пандевци во петок заминуваат за Анталија каде ќе ги продолжат подготовките со контролни средби со цел да се подигне нивото на воиграеност пред стартот на пролетниот дел од шампионатот

Академија Пандев е трета на табелата а обезбеди и пласман во полуфиналето од КУПОТ

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *