• Sun. May 19th, 2024

Пандев и Илиев, тренират со Академија Пандев

ByВане Трајков

Jun 18, 2019

Горан Пандев и Дејан Илиев, првиот од Џенова а вториот од Арсенал, струмички фудбалски интернационалци покрај завршувањето на сезоната не размислуваат за одмор. Тие вчера беа гости на тренингот на Академијата Пандев на новиот спротски центар

Двајцата репрезентативци, своето слободно време го минуваат во родната Струмица, каде својата форма ја одржуваат со фудбалерите на освојувачот на Купот на Македонија, екипа која во овие моменти се подготвува за својот прв предизвик на европска сцена.

Академија Пандев ја забележа својата најуспешна сезона во македонската елита.Првенството го заврши на третото место, а за првпат се искачи и на врвот во националниот Куп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *