Спорт

Пандев – Албанците ни се должни и не е важно кој ќе постигнува голови, важно е да славиме !

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во изјава за Канал ВИС се надева дека ќе слават против Албанија и дека ке ја крунисат добрата игра со позитивни резултати. За него не е важно кој ќе постигнува голови важно е да се слави за да може Македонија се искачи на третата позиција на табелата во квалификациите од СП

,,Не очекува тежок натпревар. Албанците ни се должни од првиот натпревар кога изгубивме несреќно. утре не очекува дуел пред домашната публика и се надевам дека ќе ги освоиме трите бода. Не е важно дали јас или друг ќе постигне гол, важно е да победиме,, кажа Пандев

На иста линија е Дарко Велковски играч од средниот ред на репрезентацијата

,, По победата над Израел сигурноста и атмосферата кај нас е на повисоко ниво во пресрет на дуелот со Албанија. Се надеваме на победа и три бода за да бидеме трети во групата,, рече Велковски

Препорачуваме:

КК Струмица се поблиску до Втора лига, поразени од битолски Пелистер

Академија Пандев славеше на Младост , ја оствари првата прволигашка победа

Младата репрезентативка на Украина, Елена Михаилотенко е новото засилување во Наковски волеј

Ѓ. K.