• Sun. May 19th, 2024

Отворен дневен центар за стари лица со активно стареење во село Турново

ByЃ. K.

Sep 5, 2023

На ден 04.09.2023 година беше отворен Дневниот центар за стари лица со активно стареење во село Турново.

На отварањето кон присутните се обратија Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев и претседателот на ОО Црвен крст Струмица Васил Тунев, а меѓу присутните беше и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Саит Саити.

Проектот за подобрување на социјалните услуги се реализира преку Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица во партнерство со Општина Босилово, а е целосно поддржан од страна на Министерство за труд и социјална политика. Целта на отворањето на ваков центар е вклучување и активирање на постарата популација над 65 години во активностите кои ќе се реализираат овде.

Корисниците на услугата ќе имаат можност да ги изразат вештините во кулинарството, да изработуваат рачни ракотворби, да се дружат, да имаат еднодневни екскурзии низ државата и многу други активности.

By Ѓ. K.