• Wed. May 15th, 2024

Отворен 12-от Интернационален филмски фестивал „АСТЕРФЕСТ 2016“

Борис Каваца и Вајт Хелмер се лауреати на дванаесетото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој традиционално се одржува во Струмица од 27-31 мај. Синоќа и официјално, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, го прогласи за отворен најпознатиот фестивал на краткометражни филмови. Словенечкиот актер Борис Каваца, заблагодарувајќи се за наградата, рече дека оваа награда му е подрага од другите.

На Фестивалот под мотото „Мали приказни – голем ум“ ќе бидат прикажани 21 кратки, играни, документарни и анимирани филмови. Горан Тренчовски, директор на Астерфест, рече дека очекува фестивалот постојано да расте.

Според Мими Горѓоска Илиовска од Агенцијата за филм на РМ, краткометражната филмска форма е исто толку значајна и уметнички вредна како и долгометражниот филм, па затоа како што рече особено се радува што во Струмица по 12 пат се одржува овој фестивал.

Дванаесетото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе трае до 31 мај, а сите филмски проекции се одржуваат во НУЦК „Антон Панов“. Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм на Република Македонија.