Регион

„3Д Еко-бусот„ во посета и на учениците од ООУ „Никола Вапцаров“- Струмица

Најмалите ученици од основното општинско училиште „Никола Вапцаров„ од Струмица, денес учествуваа на презентацијата за развивање на еколошката свест во Еко-бусот на популарниот ТВ-водител Ивце – Пивце. Преку интересна видео приказна тие се запознаа на кој начин се селектираат и рециклираат отпадоците. Видео-приказната беше проследена со помош на 3D очила што кај учениците предизвика големо воодушевување. Како дел од програмата беше и едукативниот квиз за развивање на еколошката свест.

Според директорот на ООУ „Никола Вапцаров,“ Борис Иванов, овој проект го привлекло и задржало вниманието на учениците. Иако како што вели, секојдневно учат за значењето на екологијата, со овој проект учениците уште повеќе научиле како да собираат пластичен отпад.

Проектот 3Д Еко-бус трае две години. Досега повеќе од 45.000 ученици имаат влезено во автобусот, а заклучно со Струмица ќе бидат 47.000 ученици.

Препорачуваме:

Со велосипедско дефиле Општина Струмица ја одбележа Европската недела на мобилност

Ѓ. K.

Производителите од Jугоистокот се обучуваат како директно да ги продаваат производите

Од понеделник се очекува да започне исплатата на субвенциите за тутунот од минатогодишната реколта.