• Sat. May 18th, 2024

Општина Гевгелија со информација за уписи на првачиња

ByЃ. K.

Apr 26, 2024

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се органиизра во три периоди.

Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2024 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2018 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2019 година. Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај 2024 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.

Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви:

  • ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија 078/447-373;
  • ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија 075/542-235;
  • ООУ „Климент Охридски“ – Миравци 070/670-440;
  • ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци 078/232-499.

By Ѓ. K.