Регион

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани

Денот на трудот 1 Мај (среда) и понеделник (6 мај), вториот ден на Велигден, според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Исто така, од МТСП информираат дека Велипеток (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честитаат претстојните празници.

Препорачуваме:

По седум денари субвенции за килограм домати.Владата ја усвои интервентната мерка за доматите

До сабота посебен сообраќаен режим на патот Богородица – Гевгелија

Сузана Мицева

До 500 евра казна за употреба на петарди