Регион

Општина Василево потпиша договор за изградба на две улици

Општина Василево потпиша договор за изградба на две улици. Станува збор за улица во населеното место Василево која ќе биде долга 660 метри и широка 5,5 метри, а од двете страни ќе има пешачки патеки од околу 1,5 метри. Договорот се однесуваше и на асфалтирање на улица во с.Владевци во должина од 240 метри и ширина четири метри. Според градоначалникот Стојанов, реализацијата на овие проекти треба да започне некаде во почетокот на месец јуни.

Средствата за реализирање на овие проекти во висина од 260 000 евра, се обезбедени од Министерството за финасии, односно како грант од Светска банка. Дел од нив ќе бидат искористени и за изградба на крак на фекална канализација во село Ангелци.

Со реализација на овие проекти општина Василево ќе ја подоби инфраструктурата во населените места, а со тоа жителите ќе имаат подобри услови за секојдневните потреби и обврски.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Лекари и медицински сестри од струмичката болница позитивни на Ковид-19

Струмичката компанија „Мултихем“ бара работници – предност имаат оние што останале без работа поради коронакризата

Сузана Мицева

Васко Пиличев и Ана Тимови добија награди за истакнати музички педагози

Сузана Мицева