• Sat. May 18th, 2024

Одземени над 5.800 парчиња пиротехника, уапсено едно лице од струмичко

ByЃ. K.

Dec 26, 2023

Денеска (26.12.2023), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.И.(54) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.