• Fri. May 10th, 2024

Одбојкарките на Наковски волеј триумфираа над екипата на УГД Младост Штип

ByЃ. K.

Oct 28, 2023

Синоќа се одигра првата средба од второто коло во која екипата на Наковски волеј оствари победа над новајлијата во конкуренцијата, екипата на УГД Младост Штип со 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19).

Одбојкарките на Наковски волеј го загубија вториот сет но потоа следеше извонредна игра и не само што се вратија во игра, туку и целосно го надиграа противникот и заслужено триумфираа над УГД Младост Штип.

2. КОЛО (ДЕНЕСКА)

14:00 Фит Фан Волеј – Вардар 2019

12:00 Вардар ЕМ – Струмица

пон. 20:00 Јанта Волеј – Работнички

вчера: Наковски Волеј – Младост УДГ 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19)

By Ѓ. K.