• Tue. May 14th, 2024

Одбојкарите на Струмица докажаа кој е кој – ја освоија КУП титулата

ByВане Трајков

Apr 28, 2018

Одбојкарите на Струмица го освоија КУПОТ на Македонија и докажаа дека се најдобриот одбојкарски клуб во земјава. Во драматично финале избраниците на Кире Ричлиев славеа со 3:2 во сетови, против Весна Пробиштип и го освоија златото во ова натпреварување.

Струмичани лошо го започнаа финалето дозволувајки одбојкарите на Пробиштип да поведат со 1:0. Но  во продолжение благодарение на искусните Михаилов, Ричлиев и Илиев, струмичани направија резултатски пресврт за 2:1. Четвртиот сет повторно го добија противниците но во одлучувачкиот сет Струмица не дозволи изненадување добивајки го со 15:11 за конечни 3:2 и победа на струмичките момци

Ова е петта КУП титула за Струмица со што докажа дека е единствениот организиран одбојкарски клуб во машка конкуренција кој со години нема конкуренција на македонската сцена. По ова титула сега се насочуваат и кон Шампионското злато и добрана на титулата од лани 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *