Спорт

ДОАЃА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА КВАЛИТЕТНИ ОДБОЈКАРИ – ОК СТРУМИЦА, МЛАДИНСКИ ШАМПИОНИ !!!

Почна жетвата на ОК Струмица на титули. По сениорите кои во саботата ја освоија КУП титула со победата над Пробиштип, ден потоа нова радост за клубот. Младинците на струмичкиот одбојкарски прволигаш се закитија со злато и ја освоија ШАМПИОНСКАТА  ТИТУЛА

На завршниот турнир во Скопје, младите на ОК Струмица немаа конкуренција. Како во претходните турнири така и на финалниот, струмичките одбојкарски надежи докажаа дека доаѓаат од најодбојкарскиот град во Македонија предводен од Кире Ричлиев

По победата над УГД од Штип со резултат од 2:0 во полуфиналето, младинците на ОК Струмица во финалето силите ги одмерија со подмладокот на Вардар.  Во еден интересен и драматичен натпревар струмичките надежи славеа со 3:2 во сетови и го освоија шампионскиот пехар

Младинците во состав Ѓорги Ѓузелов, Дејвид Ѓеоргиев, Столе Илиев, Миле Стоилков, Горан Грчев, Мартин Алексов, Димитар Трајков, Кристијан Донев, Марјан Јанев, Мартин Тимов, Дарко Наков, Ване Петров и капитенот Костадин Ричлиев дефинитивно се новите имиња на кои ќе биде горда и одбојкарска Струмица но и Македонија

 

Препорачуваме:

Кому му пречеше ѕвездата на Пандев на струмичкиот плоштад – синоќа откорната и украдена

Видео – Во Василево почнува турнирот во мал фудбал, градоначалникот Јанев им посака фер плеј натпреварување

Пионерите на Беласица со победнички пехар од регионалната лига

Ване Трајков