• Mon. May 20th, 2024

Од вечерва започнуваат чествувањата за Спасовден во Гевгелија

Одбележувањето на Спасовден 2018 годинава започнува со Гала оперски концерт на Македонската опера и балет.

Вечерва во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи концертот „Арија…за тебе“ на кој ќе настапат солистите Ана Ројдева Талевска, Александра Лазаревска-Василев, Злата Тосевска, Дејан Стоев, Невен Силјановски, во пијано придружба на Елена Силјаноска.

Првенците на Македонската опера и балет ќе настапат со познати оперски арии, кои ќе ги изведат соло и во дует.

Концертот започнува во 20 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *