• Sun. May 19th, 2024

Оваа година за првпат општина Василево има член во Радовската коњаница

ByЃ. K.

Jul 28, 2023

Љупче Атанасов од Василево е првиот член од општина Василево кој ќе биде дел во Радовската коњаница.

  • „Мотивот е Илинден кој што е силно вкоренет во традицијата како симбол на непокорот на голем број значајни јунаци кои се жртвувале за нашата татковина.Во ваков период за нашата татковина Македонија, наше е да ја негуваме традицијата, почитта спрема историјата и љубовта спрема татковината. Коњаницата е еден симболичен приказ и наше оддавање почит спрема сите војводи и комити знајни и незнајни кои го дале животот за Македонија“, истакна градоначалникот на општината, Славе Андонов.

Осуммина јавачи на чело со иницијаторот, Виктор Сирачев, наредниве денови ќе јаваат до Крушево.

By Ѓ. K.