• Fri. May 17th, 2024

Објавен повик за мерката за вработување „Гаранција за млади“

ByВане Трајков

May 14, 2019

Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување и Националниот младински совет објавија повик за изразување интерес за учество во проектот „Гаранција за млади“.

Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година. Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од четири месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди „Гаранција за млади“.

Мерката е отворена за сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет) од Струмица, Василево, Босилово и Ново село

Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *