• Sat. May 18th, 2024

Ново Село ќе набави амбулантно возило  преку проект со Грција

Ново амбулантно возило ќе добијат жителите на Ново Село. Преку проект од ИПА програмата за прекугранична соработнка меѓу Македонија и Грција, Ново Село и соседната Ираклија, ќе работат на проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“ за што имаат добиено 363.500 евра од Евроспката унија.

Предложениот проект има за цел да го подобри пристапот до примарната здравствена заштита во руралните прекугранични области на општините Ново Село и Ираклија каде населението има тежок пристап до единиците за здравствена заштита. Во двата прекугранични региони ќе се набави возило за создавање на мобилна здравствена амбуланта. Секоја мобилна амбуланта ќе биде правилно конфигурирана и опремена со медицинска и информатичко коминукациска технолошка опрема. Дополнително, секоја мобилна амбуланта ќе биде екипирана со здравствени работници, односно лекар, медицинска сестра и социјален работник. Исто така, ќе се развие информативен систем за евидентирање на медицинската историја и прегледите на пациентите. Системот ќе користи познати медицински протоколи за снимање на податоци за пациентите, на пр. HL7, Peppol стандарди, вели градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.

Мобилните амбуланти ќе работат преку регулиран план (протокол, под надзор на воспоставена заедничка комисија во двата прекугранични региони од општините Ново Село и Ираклија во Грција), со одговорни здравствени професионалци кои ќе  стават акцент на рана дијагностика и превенција со искористување на денешните информатички и комуникациски технологии, вели Стојчев.

Во рамките на креираната заедничка стратегија односно (карта на патиштата), секоја општина ќе го формулира својот план за услугите на мобилната амбуланта. Според овој план, ќе се воспостави функционална мрежа на координирано настапување  на мобилните здравствени амбуланти со другите примарни здравствени организации.

-Проектот ќе ја промовира социјалната вклученост и ќе се бори против сиромаштијата и дискриминацијата, бидејќи обезбедува здравствени услуги за луѓето од оддалечените области кои немаат лесен пристап до здравствените структури. Како резултат на тоа, се намалуваат нееднаквостите во однос на здравствениот статус.

Сепак, позначајниот придонес на Програмата за здравство е подобрување на пристапот до примарната здравствена заштита кај изолирани и загрозени заедници во прекуграничната област, вели Стојчев.

 

 

Имплементација на проектот е 24 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *