Македонија

Нема да се менуваат цените на горивата

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ остануваат исти, односно не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа утврдени пред една недела.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 денари за литарм а цената на дизелот 61,5 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува на 50,5 денари за литар.

Мазутот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 0,929 денари на 35,407 денари за килограм.

Препорачуваме:

53 нови дијагностицирани со коронавирус и две жртви изминатите 24 часа во државата

Сузана Мицева

Просечната нето плата во март 34.925 денари

Сузана Мицева

Десетина поранешни фудалери на ФК „Партизан“ ќе се поклонат пред вечното почивалиште на Благој Истатов

Ѓ. K.