• Tue. May 21st, 2024

Десетина поранешни фудалери на ФК „Партизан“ ќе се поклонат пред вечното почивалиште на Благој Истатов

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

Градоначалникот Костадинов им посака добредојде на ветераните на ФК „Партизан“ во својот кабинет. Тој истакна дека фудбалот му е „слаба страна“ и тоа е една од причините што се чувствува пресреќен од нивната посета.

  • Струмичани знаат зошто фудбалот ми е „слаба страна“. Тоа е една од причините што денес се чувствував пресреќен од посетата на десеттина поранешни фудбалери на ФК „Партизан“ од Белград и членови на управниот одбор на овој клуб.

Тој истакна дека голема чест и задоволство е да се биде во друштво на познатите поранешни фудбалери, како што се: Ненад Стојковиќ, Рефик Козиќ, Мики Живаљевиќ, Предраг Томиќ, Ненад Цветковиќ, Раде Залад.

  • Убавиот подарок – дрес на ФК „Партизан“ со нивните потписи, ќе најде свое место во мојот кабинет. Браво за ветераните на „Партизан“ за нивната желба да ја посетат Општина Струмица, но и да се поклонат пред вечното почивалиште на струмичката, македонската, југословенската и интернационалната фудбалска легенда Благој Истатов.

By Ѓ. K.