• Mon. May 20th, 2024

Костадиновска-Стојчевска: Законот за македонски јазик очекувам да се донесе во разумно време

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска очекува Законот за македонски јазик да биде изгласан во најразумно време. Таа ова го изјави утрово на ТВ „Канал 5“.

„Предлог законот за македонски јазик вчера го помина првото читање на пленарна седница во Собранието. Дебата е на високо ниво, на едно конструктивно ниво бидејќи зборуваме за Закон за употреба на македонски јазик којшто решивме оваа година заедно со работната група да го претставиме како нов текст“, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа појасни дека постоечкиот закон кој бил изгласан во 1998 и кој имаше претрпено само неколку технички промени, има одредени недостатоци иако ја регулираше употребата на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.

Министерката порача дека сега законот влегува во амандманска расправа и изрази надеж дека конструктивната дебата ќе продолжи.

By Ѓ. K.