• Sat. May 18th, 2024

Недостатокот на работна рака ограничувачки фактор за раст на економијата

Формалниот систем за стручно образование не може на краток рок да излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор, а недостатокот на работна сила истовремено претставува најголем ограничувачки фактор за раст на економијата, велат од Стопанската комора на МАкедонија.

Стопанската комора на Македонија како стратешки партнер во проектот: „Образование за вработување“ ја креираше алатката „Фонд на можности“ која води кон поддршка на реалниот сектор во нивната заложба за обезбедување на соодветен стручен кадар со потребни знаења и вештини .

Станува збор за алатка која преку финансиска поддршка ќе им овозможи на компаниите како работодавачи да извршат обуки во нивните простории на лица, за кои ќе треба да гарантираат дека 50% од истите – учесниците на обуката ќе ги вработат, најдоцна во рок од 3 месеци по завршување на обуката, додаде м-р Трајковска.

Вработувањето и економскиот развој се една од трите фокусни области на програмите на Швајцарската агенција за развој и соработка во државата.

Од компаниите сметаат дека алатките како Фондот на можности кој покрај финансиска поддршка овозможуваат соработка средните стручни училишта и креирање на јавно-приватно партнерство. Таа исто така најави дека сите лица кои ќе ја започнат обуката ќе бидат вработени во компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *