• Fri. May 17th, 2024

Настапиле со ампуларна терапија и славеа со 10 гола разлика – ЖРК Струма Геотермика ја забележа третата победа

ByВане Трајков

Sep 23, 2018

Кадетките на ЖРК Струмца-Геотермика го надиграа составот на Кожувчанка од Штип во рамките на 4 коло од кадетското првество Група 1. Славеа со 10 голови разлика или резултат 25:15. Младите струмичанки во ниту еден момент не потклекнале пред штипјанки, иако во своите редови имале болни ракометарки. Дури 4 девојки заради грип, пред мечот настапиле под ампуларна терапија информираа од клубот.

Сара Стојанова, Добрица Милчевска, Елена Атанасова и Софија Грковска биле неизвесни пред мечот заради здраствени проблеми но во консултација со лекарот на клубот д-р Благој Лазаров примиле инекции за да настапат  и не разочарале.  Тие со останатите девојки одиграле пожртвувано забележувајки ја третата победа во првенство со што останаа во игра за плеј офот за кадетски шампионки на Македонија

Според информациите од клубот, девојките својот квалитет го демонстрирале уште во стартот на мечот и одиграле одговорно за што зборува победата од 10 голови разлика

ЖРК Струма Геотермика кој на големо го носи женскиот ракомет во Струмица, на табелата во кадетскиот шампионат Група 1 се втори веднаш зад Металург со кој силите ќе ги одмерат престојното коло во Скопје

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *