• Wed. May 15th, 2024

Струмичанецот Мики Тодоров со својот опел најбрз и победник на првата автослалом Шампионска трка на Македонија

Струмичанецот од Дабиле Мики Тодоров кој настапува за клубот ,,Никола Карев’’ од Скопје со својот опел, постигна најбрзо време и го освои првото место на првата трка од државниот Шампионат во автослалом. Според информациите тој патеката на авто полигонот во Струмица ја извози за минута и 31 секунда што е најбрзо време во двете категории до и над 1600 кубика

На првата автослалом трка во официјална конкуренција учествуваа 25 натпреварувачи од Македонија. Имаше две возења од по три круга. Во првото Тодоров во својата класа над 1600 кубика, постигна време од минута и 33 секунда но во второто возење беше побрз за две секунди или време од минута 31 секунда и 65 стотинки

До крајот на шампионатот во автослалом трки ќе има уште две трки по што ќе се знае и шампионот на Македонија. Тодоров со ова стартна победа има одлични шанси во својата дебитантска година да се закити и со шампионска титула

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *