• Sun. May 19th, 2024

Наковски Волеј утре против Пелистер ја отвара пролетната полуетапа, најавува победа

ByВане Трајков

Feb 15, 2019

Одбојкарките на Наковски волеј утре со почеток во 17 часот во салата при СОУ ,, Димитар Влахов” го пречекуваат тимот на Пелистер Волеј од  Битола. Со овој меч ја отвараат пролетната полуетапа во која шестте најдобри тимови повторно ќе играат меѓусебно и ќе се обидат да ги обезбедат првите 4 позиции кои разигруваат за шампионската титула

Наковски волеј како третопласирана со осум победи и два пораза се среќава со битолскиот состав кој во есенската полуетапа има епилог од 6 победи и 4 пораза . Овие два тима одиграа еден натпревар оваа сезона во кој избраничките на Хари Наковски остварија победа од 3:1 во сетови. Струмичанки за утре најавуваат нова победа и задржување на чекорот за висок пласман оваа сезона

Вечерва пак во Скопје играат Работнички жени со Виктори Волеј

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *