Спорт

Наковски Волеј утре на мегдан со Универзитет Тетово за прво место, Виктори го пречекува Планет

Утре во салата при СОУ ,, Димитар Влахов,, во Струмица со почеток во 17 часот ќе се одигра дербито од петото првенствено коло од Првата женска одбојкарска лига на Македонија. На мегдан ќе бидаат двете најдобри екипи по четирите кола. Наковски Волеј како второпласиран тим на свој терен го пречекува лидерот Универзитет Тетово кој досега нема претрпено пораз

Ова значи дека утре ќе има интересен натпревар во кој одбојкарките на Наковски треба да ја продолжат серијата добри резулати и да ги стопираат тетовчанки кои се покажаа како незгоден тим барем досега. Кај Наковски волеј  самодовербата е на високо ниво и најавуваат пожртвувана игра за да се оствари и четвртата победа за да ја превземат лидерската позиција во женскиот шампионат.

Два часа претходно пак Виктори волеј кој се наоѓа на третата позиција во сала Партизан го пречекува тимот на Планет од Скопје кој има две победи и два порази 

 

Препорачуваме:

Кристијан Трапановски од Академија Пандев во Славија Прага како најскап платен млад играч

Ване Трајков

Видео – Крстовски ја донесе победата на пандевци во првото градското дерби со Беласица

Под рефлектори Беласица – Победа 1:1

Ване Трајков