• Sun. May 19th, 2024

Наковски волеј го доби Универзитет Тетово, Струмица тимот на Вардар за противници во полуфиналето од Купот

Одбојкарките на Наковски волеј добија тежок противник во полуфиналето од Купот на Македонија. За пласман во големото финале треба да го поминат тимот на Универзитет Тетово кој се наоѓа во самиот врв од женскиот одбојкарски шампионат на Македонија ова сезона. Вака посака ждрепката за полуфиналните двојки во женска конкуренција. Првиот натпревар избраничките на Хари Наковски ќе го играт веќе во среда на 21 март во Тетово додека седум дена подоцна во салата при СОУ ,, Димитар Влахов,, го играат реваншот.

Струмичанки имат победа против тетовчанки од 3:2 на свој терен, но за пласман во големото финале и борбата за златните одличја од Купот, ќе мора да дадат поголем максимум во двата дуели каде ќе решава секој освоен сет. Во вториот полуфинален дуел играат Куманово и Јанта

Одбојкарите на Струмица пак за противник го доби тимот на Вардар од Скопје кој се наоѓа во врвот на машката мак одбојка. Првиот меч го играат во среда во салата Партизан додека седум дена подоцна во Скопје. Избраниците на Кире Ричлиев кои ја бранат шампионската и Куп титулата од минатата сезона се фаворити за одбрана на титулата од минатата сезона. Во вториот полуфинален меч  играат УГД и Весна Пробиштип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *