• Mon. May 20th, 2024

Музичкиот ансамбл Распеани валандовчани отвора повик за пријавување на нови членови

ByЃ. K.

Mar 6, 2024

Ансамблот Распеани валандовчани со цел подмладување на музичкиот состав и оваа година отвора повик за прием на нови членови (пејачи и музичари).

Заинтересираните треба да се пријават испраќајќи смс порака, вибер порака или Whats App порака на телефонскиот број: 070 200 807. Пораката треба да ги содржи следниве информации: име и презиме, место на живеење, година на раѓање и телефонски број за контакт.

Пријавувањето ќе трае до 31 март.

By Ѓ. K.