• Thu. May 16th, 2024

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Ацо Стојанов, поранешен тренер на Беласица и Хоризонт Турново

ByЃ. K.

Mar 6, 2024

Неочекувано почина Ацо Стојанов, прочуениот фудбалски тренер од Струмица, кој беше активен како координатор во младинската школа на Хоризонт Турново. Стојанов, кога беше активен играч, стана легенда на струмичкиот клуб Тиверија, а потоа ја презема улогата на прв тренер на Хоризонт Турново и на Беласица.

Фудбалската заедница во земјата е потресена од неговата смрт, особено затоа што тој беше млад тренер кој се бореше со здравствени проблеми во последните недели.

За жал, Стојанов не преживеа, а неговиот погреб е закажан за 14 часот на струмичките гробишта.

By Ѓ. K.