Свет

МНР: Нема загинати македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Поради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

„Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585

За дополнителни информации, МНР навремено ќе ја извести македонската јавност”, соопшти МНР.

извор:makfax

Препорачуваме:

МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ НЕ ПРИФАЌААТ НОРВЕШКИ И ШВЕДСКИ КРУНИ ВО ГОТОВИНА

Dejan Trendov

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Сузана Мицева

Австриската економија пред колапс

Сузана Мицева