• Tue. May 14th, 2024

Австриската економија пред колапс. Најстрогата мерка за заклучување во Австрија донесе околу 30 000 компании на раб на егзистенција. Само трговијата ја чинеше десет милијарди евра од прометот, додека во гастрономијата и туризмот постои закана за банкрот. Продавниците низ Австрија минатата и оваа година беа затворени повеќе од 100 дена.

Според анализата на Универзитетот во Линц, тоа чинело околу десет милијарди евра нереализиран промет. Најтешко е за продавниците за облека и обувки. Тие не можат да ги надоместат загубите.Три ланци на Пимки, Дресмен и Адлер веќе ги затворија своите филијали.

Продавниците за спортска опрема, од кои околу 750 специјално се однесуваат на туристичкиот бизнис, од ноември досега имаат недостиг на приход од 90 до 95 проценти. Поради епидемиолошки мерки, хотелската индустрија во Австрија губи 255 милиони евра неделно. Сега на хотелите кои добро работеле им е потребна и државна помош.

Фитнес центрите, кои остануваат затворени, досега загубија најмалку 30 проценти од своите редовни клиенти. Здружението за заштита на доверители проценува дека само благодарение на државната помош, не дошло до банкрот во многу дејности. Сепак, експертите сметаат дека ќе следи пораст на стечајот за 20 до 25 проценти, во споредба со 2019 година. Националната банка на Австрија претпоставува дека покрај државната помош, околу 30.000 компании ќе отидат во стечај до крајот на следната година.

Австрија е една од земјите коишто ги засотрија мерките против ширење на ковид-19. Австрискиот канцелар Себстијан Курц во неколку наврати изјави дека Европската Унија мора да размислува за увоз на вакцини од Кина и Русија. Бидејќи земјите имаат сериозен проблем со обезбедување на потребните количини вакцини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *