• Sun. May 19th, 2024

Меркел не планира да ја менува политиката за бегалците

By

Mar 14, 2016 #Свет

Портпаролот на федералната влада Штефан Зајберт потврдил дека владата останува на истата политика за бегалците.

Германската канцеларка Меркел не планира да ја менува својата политика во врска со бегалците и покрај тешкиот пораз на вчерашните покраинските избори.

Портпаролот на федералната влада Штефан Зајберт потврдил дека владата останува на истата политика за бегалците. Според портпаролот на канцеларката, целта мора да биде заедничка одржливо европско решение кое што води кон трајно намалување на бројот на бегалците во сите земји членки на Европската Унија.

Партијата на Меркел вчера пред се поради поради политиката на отворени врати кон бегалците беше поразена во две од трите федерални единици каде што се одржуваа избори.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *