• Tue. May 21st, 2024

Матеј Цветаноски официјално се врати во Брера Струмица

ByЃ. K.

Sep 9, 2023

26 годишниот Матеј Цветаноски кој беше дел од тимот на Брера Струмица во втората полуетапа од последниот шампионат, повторно е ангажиран оваа сезона и ќе го носи дресот со број 10.

Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.

Минатата сезона Матеј Цветаноски за Брера Струмица одигра 6 натпревари при што имаше една асистенција, а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции. Цветаноски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.

By Ѓ. K.