• Sun. May 19th, 2024

Македонците најголем дел од своите пари ги трошат на храна – лидери во регионот и Европа

Македонија е меѓу земјите во Европа во кои најголеми се трошоците за храна, а најмали за култура, покажува студија на РИА Новости, во однос на учеството на трошоците од семејниот буџет за храна, култура и лоши навики, во која се опфатени 40 земји.

Од семејниот буџет, Македонците трошат дури 37 проценти на храна, што е најмногу од балканските земји вкучени во анализата, а четврто место од сите 40 земји.

За споредба, Бугарите трошат 36,2 отсто, во Србија овие трошоци изнесуваат 34,2 отсто, а во Грција – 20 отсто.

Интересно е што процентот за трошоци за храна е помал во поразвиените земји. Во Луксембург жителите трошат само 8,4 проценти од својот буџет за набавка на храна. Холандија и Велика Британија се следни со 10,6 отсто од трошоците. Исто така, помалку од 12 проценти за храна трошат жителите на Ирска, Германија, Финска, Австрија и Норвешка.

Во делот за култура и рекреација, Македонците трошат само 1,8 проценти од буџетот, со што е втора земја со најмали трошоци во ова поле, зад Казахстан.  Лидери тука се економски просперитетните западноевропски земји – Шведска (18,7%), Велика Британија (13,1%) и Австрија (11,5%). Покрај тоа, во првите две земји, учеството на трошоците за рекреација и култура дури и го надминува учеството на храна.

Во делот на лошите навики во Македонија дури 4,0 проценти се трошат на алкохол и цигари, што е еден од највисоките удели во Европа. Повеќе од нас, на лошите навики трошат само во Романија-8,2 осто, Турција – 4,3 отсто, Србија- 4,8 отсто и Бугарија – 5,1 процент, од сите земји опфатени со анализата.

Понатаму се анализираат и трошоците за угостителите и хотелиерството. Тука најмногу трошоци се бележат во Грција – 11,1%. На второ место е Швајцарија со 11,0%, нешто помалку од 10% од трошоците пријавени на оваа позиција кај жителите на Шпанија. Во однос на учеството на трошоците за ресторани и хотели, Русија е на дното на рангирањето со учество од 3,5%. Северна Македонија – 3,6 отсто. Најнизок индикатор во Европа според учеството на трошоците за кафулиња и хотели има кај жителите на Романија и Молдавија: 2,1% и 2,6%, соодветно. Помалку од 3% од трошоците на семејниот буџет се трошат и за овие цели од страна на граѓаните на Казахстан, Белорусија и Хрватска.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *