• Fri. May 17th, 2024

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ја доби листата на можни противници

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ја доби листата на можни противници на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Европската одбојкарска конфедерција ги објави пријавените екипи за годинешното натпреварување и ја најави ждрепката за 19 јули во Луксембург.

Македонскиот првак е една од 14-те екипи кои ќе играат во стартните три кола од елиминацискиот дел, додека 18 екипи веќе имаат обезбедено пласман во групната фаза. Останува отворено прашањето кој покрај Струмица Никоб ќе мора да игра уште во првото елиминациско коло. Според искуството од минатата сезона, во првата квалификациска рунда ќе играат меѓу четири и осум екипи, од кои потоа победниците ќе им се приклучат на останатите екипи кои директно ќе играат во 2. квалификациско коло.

Во листата на 14 екипи кои ќе мораат да играат квалификации за пласман во групната фаза се најдоа:

Партизан БЕЛГРАД (Срб)
Младост ЗАГРЕБ (Хрв)
Нефтохимик БУРГАС (Буг)
Леворанта САСТАМАЛА (Фин)
Аркада ГАЛАЦИ (Ром)
Хипо Тирол ИНСБРУК (Авс)
Олимпијакос (Грц)
Будва (Црна Гора)
Драисма Динамо АПЕЛДОРН (Хол)
Радник БЈЕЛИНА (БиХ)
Фино КАПОШВÁР (Унг)
Гуагуас ЛАС ПАЛМАС (Шпа)
Струмица НИКОБ (Мкд)
Прометеј ДНИПРО (Укр)

By Ѓ. K.