• Fri. May 17th, 2024

Македонија Макс се засили и веднаш забележа победа, приреди шок и вистинска сензација во Штип

ByВане Трајков

Feb 19, 2019

Одбојкарките на Македонија Макс направија вистинска сензација во првото коло од Плеј аут лигата откако во лавовска борба го надиграа составот на УГД и тоа во Штип.  Подзаборавената Македонија Макс која има најмлад состав а во есенскиот дел ниту една победа, во зимскиот преоден рок се засили и веднаш стана тврд орев. Во таборот на Македонија Макс се вратија Ричлиева и Лазарова од Наковски и Карлијска и Владевска од Виктори и веќе станаа респектабилен тим во женското одбојкарско натпреварување

Македонија Макс во Штип го изгуби првито сет со 25:13 но во продолжението притиснаа. Највозбудливо беше во вторито сет кога струмичанки го издржаа притисокот и со 26:24 израмнија на 1:1. По овој сет како да се осоколија девојките на Зоран Јанков кои со 25:16 и 25:13 ги добија следните два сета за прва победа во годинашниов шампионат

Инаку во таканаречената пелј аут лига се вкупно 5 екипи кои во воа втора фаза повторно ќе играат секој со секого дома и во гости.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *