• Fri. May 17th, 2024

Маж загина на патот Дабиље – Петралинци

49 годишен маж од Петралинци загина во сообраќајна незгода. Несреќата се случи попладнево околу 14 часот, на патот Петралинци – Дабиље, десетина километри од Струмица. Човекот управувал автомобил марка Пежо, и движејќи се во правец од Дабиље кон Петралинци, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од патот, удирајќи во бетонски столб.

Возачот загинал на местото на несреќата.

Екипи на Мвр и дежурен јавен обвинител направија увид на местото на несреќата, при што телото на починатиот е предадено на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *