• Wed. May 15th, 2024

Магично видео на детската градинка Струмица: Кошулката на Видек

Како една група од градинка може да создаде своја приказна? Раскажана низ движења, низ насмевки, низ костимите и детската наивност.  И вакви дела се возможни кога има креативни воспитувачки кои ја негуваат детската љубопитност наведувајќи ги да ги истражуваат световите на приказните, на бајките, на волшепствата што постојат само во книгите и детската имагинација. Едно такво парче магија ни доаѓа од детската градинка во Струмица, од вредните воспитувачки Данче Стоева и Магда Козарова. Велат дека долго работече со децата, а соработката со родителите помогнала за да ја реализираат замислата.  „Ги внесовме децата во приказната. Тие се соживеа со улогите од приказната „Кошулката на Видек“. Тоа е една прекрасна приказна за хуманоста, за семјеството, за пријателството што ни е многу важно да им го пренесеме како вредност на дечињата“, рече воспитувачката Данче Стоева. Видеото го снимаше и монтираше Митко Ников, а гласот е на Сузана Мицева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *