Регион

М-р Васко Пиличев дел од жири на меѓународен натпревар

Професорот по гитара Васко Пиличев ќе биде дел од меѓународното жири на меѓународен натпревар по гитара.

Натпреварот во Кјустендил Р. Бугарија се одржува по 21 пат и е еден од најпрестижните натпревари на Балканот со најдолга традиција. На натпреварот учествуваат ученици и студенти од различни земји. Возраста на учесниците е од деца во претшколска возраст до студенти по гитара, а ги отценува жири комисија во огромен број составена од еминентни имиња од таа област од цела европа (Украјна, Русија, Србија, Бугарија, Македонија, и други).

Покрај тоа што м-р Васко Пиличев ќе биде дел од жири комисијата тој ќе учествува на натпреварот и со свои ученици – двајца солисти, едно трио и еден квартет од кои исто така се очекува одличен успех.

Препорачуваме:

Две семејства од Јосифово, валандовско, евакуирани од невреме на Попова Шапка

Сузана Мицева

Пожарот во Глобал уништил речиси 6 илјади метри квадратни

ВИДЕО: Една компанија за откуп на тутун уште е со затворени врати за тутунарите